Пред клучната пресметка, американската федерација со провокација за Иран

Од:

Американската фудбалска асоцијација (УССФ) пред клучниот меч против Иран за пласман во нокаут фазата на Светското првенство, на социјалните мрежи го објави иранското знаме без амблемот на Исламската Република во знак на поддршка на протестите во оваа земја, додавајќи нова политичка димензија на Мундијалот во Катар.

Иранската влада реагираше со обвинение дека Американците го избришале името на Бог од нивното национално знаме, кревајќи ја атмосферата пред мечот на двете земји кои последните децении имаат непријателски односи. Федерацијата објави дека се решила на ваков потег за да „покажат поддршка на жените во Иран кои се борат за основните човекови права“.

Во протестите во Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини додека таа била во полициска станица поради прекршување на моралните закони на Исламската република, загинаа над 450 луѓе, а над 10 илјади се уапсни, тврдат иранските опозициски групи.

„Мора да одговараат за ова бидејќи се работи за рушење на правилата на ФИФА. Очигледно е дека сакаат да влијаат на иранските перформанси пред мечот со САД“, изјави Сафиолах Фагаханпур, советникот на Иранската фудбалска федерација.

Грбот на Исламската република, дизајниран во 1980 претставува четири криви линии со меч меѓу нив, и ја претставува муслиманската фраза „Нема Бог освен Бог“, а исто така е во форма на лотус. На врвот и на дното на знамето има 22 написи „Бог е голем“ според датумот на персискиот календар.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата