Прандели по Мундијалот во Бразил ја напушта селекторската функција

Од:

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Џезаре Прандели по завршувањето на Светското првенство во Бразил следната година ќе се повлече од функцијата, јавија италијанските медиуми.

Прандели на селекторското место дојде 2010 година по Мундијалот во Јужна Африка кога Италијанците не ја поминаа групната фаза.

Досегашниот биланс на „Азурите“ под водство на Прандели е 20 победи, 14 нерешени и 10 загубени натпревари.

Веќе се шпекулира со потенцијалните кандидати за прв човек на клупата на италијанскиот национален тим.

Најголеми шанси да го заменат Прандели според италијанските спортски медиуми имаат сегашниот тренер на Милан Масимилијано Алегри, поранешниот менаџер на Манчестер Сити Роберто Манчини, сегашниот селектор на Јапонија Алберто Закерони, тренерот на Јувентус Антонио Конте, како и поранешниот репрезентативец Фабио Канаваро.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ