По одигрувањето на реванш натпреварите во четвртфиналето на кошаркарската (ФИБА) Лига на шампиони познати се четирите екипи кои ќе играат во полуфиналето.
Место меѓу четирите најдобри обезбедија Банвит (Турција), Тенерифе (Шпанија), Монако (Франција) и Венеција (Италија).
Постигнати резултати:
Лудвигзбург – Банвит 53:59 (92:87 прв натпревар),
Сасари – Монако 76:79 (62:73),
Тенерифе – Лион Вилербан 61:51 (62:62) и
Венеција – Каршијака 74:66 (71:74).
Завршниот турнир ќе с еигра од 28-30 април а домаќин ќе биде еден од учесниците на „Фајнл Фор“.