Четвртата фаворитка Анџелика Кербер (Германија) и петтата носителка Медисон Кис (Америка) ќе се соочат во четвртфиналето на ВТА турнирот во Осака, Јапонија.
Ова е епилогот по осминафиналните победи на двете тенисерки над своите ривалки. Кербер ја совлада Никол Гибс од САД со 2:0, додека Кис беше поуспешна од Зарина Дијас од Казахстан со 2:1.
Осминафиналната фаза ќе заврши утре.
Наградниот фонд на турнирот во Осака изнесува 758 илјади долари.