Повторно е покренато обвинение во Хрватска за Лука Модриќ

Од:

Хрватскиот капитен Лука Модриќ деновиве уживаше на Хвар во специјалитетите на ражен, но неговиот одмор на јахтата вчера го прекина веста дека е под обвинение. Лука беше изненаден, најмногу поради една работа, бидејќи претходно веќе беше ослободен за истото кривично дело.

Одморот на Лука Модриќ повеќе не беше како што беше до тој момент, иако верува дека на крајот пресудата ќе биде задоволителна за него, па совеста му била чиста.

Целиот случај одекна во хрватските и регионалните медиуми.

„Всушност и ние ја имавме истата реакција, тој уште од почетокот изјави дека совеста му е чиста и мирна и дека не го сторил тоа казнено дело. Значи останува на тој став и совеста му е чиста. Дали е разочаран? Ќе го прашате тоа, тој е доследен на неговата изјава и натаму“, изјави за RTL Danas адвокатката на Лука Модриќ, Лаура Валковиќ.

Модриќ бил изненаден бидејќи очекувал да заврши случајот, а ја повикал адвокатката додека таа давала изјава. За одбраната нема сомнеж – Модриќ, како и Дејан Ловрен, веќе беа законски ослободени од истото кривично дело – давање лажен исказ во 2018 година.

„Не може двапати да се расправа за истото дело. Ова е правно прашање за кое веќе се расправало. Судовите навлегоа во прашањето за валидноста на сомнежот, дали има кривично дело или не. И тоа е нешто што не може да се повтори. “, вели Валковиќ.

Обвинението сепак не е исто. Овој пат во него ја нема сметководителката на Динамо, Весна Јураиќ. Основата за обвинението Љубо Павасовиќ Вишковиќ ја гледа во пресудата на Врховниот суд каде се тврди дека нивните изјави се невистинити.

„Дури и во постапката да се утврди дека го сториле тоа кривично дело, нема да има значителни реперкусии за Модриќ и Ловрен. Ми се чини дека се нашле во ситуација на која не биле дораснати, па дале изјава на ДОРХ една изјава , а сосема друга во судот. Ова не е ситуација која ретко се случува“, вели адвокатот Љубо Павасовиќ Вишковиќ.

Во ХНС додека ја чекаат одлуката од Модриќ дали ќе продолжи да игра во репрезентацијата, им даваат целосна поддршка и помош на двајцата фудбалери.

„И Модриќ и Ловрен, како освојувачи на сребрени и бронзени медали на светските првенства, како играчи и човечки лидери на најуспешната генерација на хрватскиот фудбал, не заслужуваат посебен третман од хрватското правосудство, но како сојуз очекуваме да имаат фер и еднаков однос и правна сигурност“, изјави портпаролот на ХНС, Томислав Пачак.

Би можело да ве интересира

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ

Модриќ и Крос не се задоволни од ситуацијата во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал почнаа со подготовки, познато кога Лука Модриќ ќе им се приклучи на соиграчите

Предраг Петровиќ

Разочараниот Модриќ: Одлучив дали ќе играм за Хрватска во иднина

Предраг Петровиќ

Модриќ на 37 години има три понуди

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска