Модриќ на 37 години има три понуди

Од:

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ започна преговори со Реал околу продолжување на договорот кој му истекува за само три месеци.

Сепак, 37-годишниот играч за врска има понуди и од два други клуба.

Реал долго чекаше да започне преговори со својата жива легенда, кој наскоро може да го напушти клубот без обештетување, а во комбинација со многу променливата форма на Модриќ во последните месеци се почесто се шпекулираше дека Мадрид повеќе не го сака Хрватот.

Но, веста која ја објави доверливиот новинар на германски „Скај спорт“ Флоријан Плетенберг го покажува спротивното.

„Реал и Модриќ почнаа преговори за продолжување на договорот до 2024 година, но во исто време за Модриќ сериозно се заинтересирани клубови од Катар и Саудиска Арабија. Можно е тој да го напушти Реал на крајот од сезоната. Конечната одлука се очекува за две недели до еден месец“, известува Плетенберг.

Со оглед на возраста на Модриќ, Реал во последните сезони му го продолжи договорот на една сезона.

Модриќ дојде во Реал во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра.

Оттогаш, тој одигра 473 натпревари за Реал, постигна 37 и намести 76 гола.

Со Реал освои три шпански и пет европски титули.

Би можело да ве интересира

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ

Модриќ и Крос не се задоволни од ситуацијата во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал почнаа со подготовки, познато кога Лука Модриќ ќе им се приклучи на соиграчите

Предраг Петровиќ

Повторно е покренато обвинение во Хрватска за Лука Модриќ

Предраг Петровиќ

Разочараниот Модриќ: Одлучив дали ќе играм за Хрватска во иднина

Предраг Петровиќ

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска