Вечерва во Катар ќе биде формирана втората полуфинална двојка на Светското првенство. На програмата се натпреврите Мароко-Португалија и Франција-Англија. Вечера, по изведувањето на пенали, пласман во полуфиналето изборија Хрватска и Аргентина.
Денот во Катар ќе го отвори натпреварот помеѓу Португалија и Мароко. Двете селекции изненадија во своите осминафинални дуели. Португалија бидејќи и повеќе од убедливо ја победи Швајцарија (6:1), а Мароко бидејќи ја елиминираше фаворизираната Шпанија, по избедувањето на пенали.
Последен пат овие две селекции играа пред четири години во Русија, кога Португалија победи со 1:0, со голот на Кристијано Роналдо.
Натпреварот на Ал Тхумама стадионот во Доха ќе започне во 16 часот, ќе го суди Аргентинецот Тељо.
Последното четвртфинале е резервирано за европското дерби, актуелниот шампион Франција ќе се соочи Англија, селекција која претендира да го преземе тронот.
Двете селекции беа сигурни во групната фаза и во осминафиналето.
Франција е двократен светски првак (1998, 2018), Англија има една титула во далечната 1966. Според многумина, Французите, по елиминацијата на Бразил, се најголемите фаворити за трофејот. Играат во одлилна форма особено играчите од нападот, Мбапе, Жиру и Гризман.
На спротивната страна, Англија се надева дека Кејн конечно ќе влезе во голгетерскиот ритам. Најдобриот англиски стрелњц, има постигнато само еден гол во досегашниот тек од Мундијалот.
Англија и Франција, досега одиграле само еден официјален натпревар, на ЕУРО 2012 година, кога ремизираа 1:1.
Потоа одиграа два пријателски натпревари. Англија славеше во 2015 година (2:0), додека Франција победи во 2017 година со резултат 3:2.
Од 20 часот, Англија и Франција ќе го започнат дуелот на Ал Бајт стадионот во Ал Кор. Главен судија ќе биде Бразилецот Сампајо.
Извор: Топспорт