Португалската фудбалска федерација (ФПФ), според очекувањата, му врачи отказ на селекторот Фернандо Сантош по неуспешниот настап на Светското првенство во Катар и конфликтот со првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.
Сантош направи контроверзен потег оставајќи го Роналдо на клупата за 1/16 финалето против Швајцарија, но овој потег тогаш се покажа како исправен, откако Португалија славеше со 6:1, но потоа го повтори истото и против Мароко, по што неговата репрезентација доживеа шокантен 1:0 пораз, иако беа сметани за едни од фаворитите за златото.
Сантош си заминува како најуспешниот селектор во историјата на европската репрезентација, откако со нив го освои Европското првенство во 2016 година, а беше и шампион во новата Лига на нации на УЕФА во 2019 година.
Се очекува тој да биде заменет со актуелниот тренер на францускиот Лион, Пауло Фонсека.
Извор: Топспорт