Пораз од еден поен разлика од Црна Гора

Од:

Македонските кошаркарски репрезентативци незаслужено со пораз од Црна Гора го започнаа 38-то Европско првенство, откако вечерва судиите им одземаа чиста победа не признавајќи им поени во последниот напад по влечење на еден противнички играч на мрежата од својот кош.

Протестите на стручниот штаб не ја сменија одлуката на судиите и со тоа традицијата со пораз да стартуваме на европските првенства продолжи.

Конечниот резултат на дуелот од 1.коло во Б групата изнесуваше 81:80 за црногорскиот состав.

Двете репрезентации одиграа ефикасна прва четвртина која припадна на Црногорците со кош во последната минута за 25:24 што воедно беше и прво нивно водство.

Претходно Македонија предводена од Лестер Бо Мекејлеб постојано беше во водство, двапати имаше плус шест.

Различна слика со сличен крај на паркетот во салата Јесенице во вториот период. Црна Гора го засили темпото, а таквата игра резултираше со плус девет во 16.минута.

Следуваа најдобрите четири минути на избраниците на селекторот Алеш Пипан. Борбена игра до граница на пожртвуваност во нападот со цврста одбрана и зголемен процент на реализација резултираа со 10:0 за Македонците.

Постигната тројка на капитенот Перо Антиќ со звукот на сирената го врати водството на „црвено-жолтите“ на 46:45 и предизвика „дерилиум“ кај илјадниците навивачи од Македонската фаланга присутни во салата „Подмежакла“.

Македонските кошаркари во ист стил го започнаа второто полувреме со многу црвеста одбрана и максимална борбеност за секоја топка. Антиќ и Гечевски доминираа под нашиот кош, а Мекејлеб и Дамјан Стојановски го зголемуваа водството за 67:60 во 29.минута.

Сепак Црна Гора со мини серија од 4:0 не дозволи Македонија пред почетокот на последниот период да има поосетно водство.

Седумте плус Македонија ги врати во 36.минута (78:71) по што следуваше пад во играта и противничка серија од 6:0 за неизвесна завршница.

Во последните 33 секунди резултатот беше 80:79 за македонските репрезентативци и топка за Црногорците. На 10 секунди пред крајот Антиќ направи петта лична грешка, а Тајрис Рајс изведе две слободни фрлања и за наша несреќа ги погоди. Мекејлеб не успеа да погоди по влезот, а по офанзивниот скок на Чековски настана спорниот момент по кој еден од судијата покажа поени за Македонија, а потоа ја повлече одлуката.

Убедливо најефикасни во нашиот состав беа Мекејлеб со 23 и Дамјан Стојановски со 19 поени.

Кај противникот се издвоија Сеад Сеховиќ и Рајс со по 16 постигнати поени.

Во првиот натпревар од оваа група попладнево Летонија ја победи Босна и Херцеговина со 86:75.

Вечерва првиот круг ќе го комплетираат Србија и Литванија.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ