Пораз и крај на европскиот сон на младите фудбалери

Од:

Младата репрезентација на Македонија до 21 година неславно ги заврши квалификациите за ЕП 2013 во Израел, откако вечерва со 5-1 беше збришана од Србија на мечо во Крушевац.

Иако избраниците на селекторот Бобан Бабунски беа пред историска можност со победа да се најдат во плејофот за пласман на континенталниот шампионат, „црвено-жолтите“ не само што не победија, туку претрпеа дебакл, со што го расипаа впечатокот по солидниот квалификациски циклус.

Гол шоуто во Крушевац го започна Мудрински (11’), а домаќините на полувремето заминаа со 2-0 по погодокот на Милуновиќ. Катастрофата на „црвено-жолтите“ на најави Јојиќ со головите во 68 и 70 минута. Честа на младата селекција ја спаси Фазли во 78. минута, постигнувајќи го единствениот гол за нашиот тим, додека точка на дуелот стави Малбашиќ (81’).

Четата на Бабунски мечот го заврши со 10-мина на теренот откако во судиското надополнување неговиот син Давид заработи црвен картон.

Со победата Србија ја задржа првата позиција во групата 4 со 18 бодови, додека Данска, која убедливо со 3-0 славеше над Северна Ирска, е втора со 16 бодови, по што овие две селекции ќе играат во баражот. Македонија квалификациите ги заврши како третопласирана селекција со 12 бода, а зад неа се С. Ирска со 4 и Фарските Острови со 3 бода.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ