Поранешниот асистент на Мурињо фаворит за Астон Вила

Од:

Поранешниот асистент на Жозе Мурињо, Руи Фарија е фаворит за менаџерската позиција во Астон Вила, откако Французинот Тиери Хенри одби да ја преземе екипата од Чемпионшип.

Фарија го напушти Специјалниот по 17 години заедничка работа. Како причина за ова, Португалецот истакна дека сака да поминува повеќе време со своето семејство.

Според информациите, Фарија се уште не одлучил дали сака да се врати во клубскиот фудбал, откако пред раководството на Вила останува задачата да го убеди и да му понуди добар проект.

Не е исклучено поранешниот фудбалер на Астон Вила, Џон Тери, да биде во штабот на Фарија. Тие работеа заедно во Челзи пред некое време. Тери го објави крајот на својата кариера минатиот викенд и веќе изрази желба да биде менаџер во иднина.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Диего Карлос ја заврши сезоната

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска