Поранешениот Ф1 возач Занарди освои параолимписко злато

Од:

Италијанскиот автомобилистички ас Алесандро Занарди ја освои параолимписката титула во велосипедизам во Лондон.

45-годишниот Занарди пред 11 години остана без двете нозе при стравичен инцидент на Индикар трката на патеката Лојсицринг во Германија, но никогаш не го загуби спортскиот и натпреварувачки дух.

Куриозитет е тоа што поранешниот пилот во Формула 1 златото на Параолимпијадата во Лондон ја освои на патеката „Брендс хеч“, која е поранешна Ф1 патека.

Занарди во два наврати настапуваше во Формула 1, од 1991 до 1994 година и во 1999 година, а двапати се натпреваруваше и во северноамериканска Индикар КАРТ Серија.

На таа кобна трка во Германија, Ѕанарди беше водечки, а до крајот му преостануваа уште 13 круга. На излез од боксовите наиде на гужва, а во него се заби сонародникот Алекс Таљиани со брзина од преку 350 километри на час. Занарди остана без двете нозе и беше на раб на смртта поради големото количество на крв, а го реанимираа дури седумпати.

По осум дена тој се разбуди од кома и сфати дека останал инвалид: „Да, ги загубив нозете, но ги имам жената и синот“.

Веднаш откако му се подобри здравствената состојба најави нов спортски поход, велејќи дека несреќата ќе ја претвори во голема победа, што ќе се прераскажува на неговите внуци и на пријателите. До тоа навистина дојде вчера на Параолимписките игри во Лондон, кога триумфираше со предност од 27 секунди пред второпласираниот.

„Ова е голем успех, напорно работев и среќен сум што успеав да го доживеам овој голем успех. Чувството е неверојатно“, изјави Занарди.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он