Поради смрт на навивач одложени сите спортски настани во Грција

Од:

Во текот на вчерашниот ден почина Костас Кацулис кој пред 15 дена беше претепан на Крит за време на одигрувањето на натпревар во рамките на третата фудбалска лига. Смртта на Кацурис беше предизвика жестока реакција во јавноста на нашиот северен сосед, а Владата во Атина донесе одлука за одлужување на сите натпревари.

– Владата објавува војна против хулиганите, изјави тамошниот министер за спорт Јанис Адријанос и додаде дека следуваат мерки и ригорозни санкции за следните испади на спортските терени.

Адријанос верува дека државата може спортските арени да ги направи безбедни места за посетителите.

– Грција е одлучна во намерата еднаш засекогаш да расчисти со хулиганите и да ги направи стадионите безбедни и за оние кои доаѓаат да гледаат спорт. Криминалците, психопатите и хулиганите ќе бидат поставени на местото на кое припаѓаат и нема веќе да се толерира нивното дивеење на стадионите, потенцира грчкиот министер за спорт. 

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ