Почнува ТОП 16 фазата од Евролигата

Од:

Најдобрите 16 екипи кои ја поминаа првата групна фаза и изборија место во ТОП 16 фазата вечерва ги почнуваат натпреварите во двете групи, Е и Ф.

Ова е прва година каде тимовите играат поделени во две групи. Претходно тие беа распоредени во четири групи со по четири екипи.

Тимовите што ќе се пласираат на првите четири места во двете групи ќе играат во четвртфиналето.
Состав на групата Е: Алба, Реал Мадрид, Уникаха, Бросе Баскет, ЦСКА Москва, Анадолу Ефес, Панатинаикос и Жалгирис.

Двојки за 1.коло: денес (19 часот) Алба – Реал Мадрид, (20:45 часот) Уникаха – Бросе Баскет; утре (17 часот) ЦСКА Москва – Анадолу Ефес и (21 часот) Панатинаикос – Жалгирис.
Состав на групата Ф: Бешикташ, Химки, Каха Лаборал, Олимпијакос, Монтепаски, Макаби, Барселона и Фенербахче Улкер.

Двојки за 1.коло: денес (19 часот) Бешикташ – Химки, (20:30 часот) Каха Лаборал – Олимпијакос, (20:45 часот) Монтепаски – Макаби; утре (20:45) Барселона – Фенербахче Улкер. з

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ