Почна реализацијата на Смарт програмата на РФМ и ЕХФ

Од:

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денес ја заокружи првата фаза од Смарт програмата, преку која во соработка со Европската ракометна федерација, на 24 основни училишта во Македонија им доделуваат комплетна опрема и реквизити за мини-ракомет.

Програма која ќе се реализира во три фази, во времетраење од три последователни години, соопштија од РФМ, има за цел да ги мотивира младите генерации да се занимаваат со спорт, со што на долг рок би се формирала една широка кадровска база од млади ракометари кои еден ден ќе треба да ги бранат боите на Македонија.

– Согласно однапред планираната процедура, ја реализираме првата фаза од договорот со Европската ракометна федерација, кој го потпишавме на 21 март минатата година. Имајќи предвид дека ова е време кога националниот ракомет доживува можеби најголема експанзија и со право може да се нарече најпопуларен спорт во Македонија, преку овој проект ќе се обидеме да го афирмираме ракометот и како спорт број еден меѓу младите, како во Скопје, така и во останатите градови ширум земјава, изјави Филип Милошевски, генерален секретар на РФМ.

Директорите на три основни училишта кои беа дел од денешното официјално потпишување на договорите, истакнаа дека ова е еден од ретките, а во последниве децении и единствен проект од овој тип.

– Горди сме што сме дел од овој проект преку кој добивме поддршка да делуваме на свеста на нашите ученици во насока на учествување во овој спорт. Ние и досега се трудевме да бидеме дел од општински натпревари кога станува збор за ракометот, но токму оваа алка – опрема и реквизити ни недостасуваше за целата таа слика да биде комплетна, истакна Мирјана Велкоска, директор на ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ во Скопје.

В.д. директорот на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје, Александар Филипчев, ја поздрави оваа иницијатива на РФМ и со надеж истата во иднина да се продлабочи.

– Ние како училиште во последниве 6 години активно сме вклучени во натпреварите во ракомет на државно ниво. Преку овој проект ќе помогнеме кон правилен развој на младите генерации, како и зголемување на бројот на идни ракометари и на квалитетот на овој национален спорт, истакна Филипчев.

Директорот на ОУ „Кочо Рацин“ од Куманово, Драгиша Цветковиќ, истакна дека преку овој проект ќе го вратат стариот ракометен сјај на градот.

– Ние и како град имаме богата ракометна традиција, а конкретно нашето училиште беше и државен првак на Македонија во соодветната категорија. Со овој проект им се нуди можност на најмладите да станат дел од овој спорт и со помош на советите од стручните лица, со текот на времето квалитетот да избие на површина, рече Цветковиќ.

Основните училишта кои ќе добијат опрема за мини – ракомет и ракомет беа избрани на јавно објавен Конкурс, врз основа на строго утврдени критериуми. Во оваа фаза влегуваат 24 основни училишта од Скопје, Кичево, Прилеп, Струга, Куманово, Радовиш, Богданци, Гевгелија, Делчево, Битола, Штип и Велес.

Би можело да ве интересира

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради наводи за учество во „местење“ натпревари

Катерина Ѓуровски

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

ЕХФ Лига Европа: РК Еурофарм Пелистер посилен од Спортинг-Лисабон

Ана Ололовска

Македонската и српската ракометна федерација договараат соработка во младинските категории и стручниот кадар

Ана Ололовска

ЕХФ: Само вакцинирани ракометари на ЕУРО2022

А1он

Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат кај Кадетен во Шафхаузен

Ана Ололовска