Македонската и српската ракометна федерација договараат соработка во младинските категории и стручниот кадар

Од:

Меѓусебната соработка во областа на младите категории и тренерскиот кадар, беа во фокусот на разговорите на челните луѓе на македонската и српската ракометна федерација, на маргините на првиот од двата пријателски натпревари меѓу женските селекции на двете земји што во саботата вечер се одигра во Стара Пазова, соопшти Ракометната федерација на Србија.

Македонските ракометарки претрпеа пораз на првиот натпревар со 33:25, a најефикасна во редовите на „црвено – жолтите“ беше Моника Јанеска со девет голови.

Вториот од двата контролни натпревари, кои се играат зад затворени врати, е закажан за во понеделник, исто така, во Стара Пазова со почеток од 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Одложено ракометното коло поради смртта на Даниловски

Ана Ололовска

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин

РФМ ги определи наградите за машката и женската сениорска репрезентација

Ана Ололовска

Ракометарите ќе поделат награда од 20.000 евра за триумфот над Данска

Жарко Настоски

РФМ ги награди репрезентативците со 20 илјади евра

Ана Ололовска