Почина познатиот фудбалер на Лидс и Манчестер Јунајтед: Го победи ракот, но го совлада уште една тешка болест

Од:

Почина поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Лидс и поранешен репрезентативец на Шкотска, Гордон Меквин. По долга и тешка борба со тешка форма на деменција, тој почина на 70-годишна возраст, а веста ја пренесе неговото семејство. По својата играчка кариера, долго време беше стручен консултант и коментатор на телевизија „Скај“.

Меквин играше 184 пати за Манчестер Јунајтед и го освои ФА Купот со нив во 1983 година, а во 2021 година му беше дијагностицирана васкуларна деменција. Неговата ќерка Хејли е репортерка на „Скај“, а открила дека Меквин во последните денови бил врзан за кревет, дека многу тешко земал течности и храна. Деменцијата е само последниот во низата здравствени проблеми што ги имал, бидејќи во 2011 година му бил дијагностициран рак, кој за среќа го победил.

Покојниот Меквин играше како дефанзивец и ја започна својата кариера во Сент Мирен во 1970 година. За овој клуб играше 57 пати пред две години подоцна да се пресели во Лидс, а по 140 настапи и освоената титула во 1974 година со Лидс, замина во Манчестер Јунајтед. Кариерата ја заврши во Сеико, клуб од Хонг Конг, Кина.

За Шкотска играше 30 пати и постигна дури пет гола од позициите во бековската линија. Тој беше избран да игра на Светското првенство во Аргентина во 1978 година, но се повреди и не можеше да игра на тој Мундијал.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“