Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Од:

Креаторот на „Dragon Ball“, еден од највлијателните и најпродаваните јапонски стрипови на сите времиња, почина на 68-годишна возраст.

Акира Торијама почина од акутен субдурален хематом, вид на крварење во близина на мозокот, соопшти неговото студио во петокот.

„Dragon Ball“ беше многу популарен низ целиот свет, а беа направени и бројни адаптации за малите и големите екрани.

Серијата стрипови „Dragon Ball“ започна во 1984 година.

Би можело да ве интересира

Почина новинарот Петар Ѕалев

Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ

Почина Шенон Доерти, ѕвездата од „Беверли Хилс“

Почина албанскиот писател Исмаил Кадаре

Катерина Ѓуровски

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов