Почетино: Ќе заминев од Тотенхем, ако ја освоeвме Лигата на шампионите

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, откри дека најверојатно ќе го напуштел клубот ако тимот ја освоeл Лигата на шампионите на крајот од минатата сезона. „Петлите“ сепак загубија со 0-2 во финалето од Ливерпул.

– Веројатно, ако резултатот беше различен, по финалето јас ќе помислев: „Добро, можеби е време да го напуштам клубот и да му дадам можност за нов дел од историјата со нов тренерски штаб“. Но по финалето чувствував дека ова не е одличен начин да се стави крај. Јас не сум човек, кој ги избегнува проблемите или тешките ситуации. Ги сакам предизвиците. Сега треба да ја вратам довербата, за да можеме да имаме повторно таква сезона. Тоа ме мотивира, изјави Аргентинецот.

Тренерот ја прокоментира ситуацијата со Кристијан Ериксен, кој изјави дека сака да го напушти клубот.

– За време на одморот не сакав да слушам или да гледам што се случува во медиумите. Кристијан имаше лесна операција по финалето. Му дадовме опција да остане во Лондон, но тој сакаше да дојде со нас, откако медицинскиот штаб рече дека може да биде достапен, вели Почетино.

Тој, исто така, зборуваше за трансферот на Киеран Трипие во Атлетико Мадрид.

– Тоа беше негова одлука. Тој ми рече дека ја прифатил понудата од Атлетико. Клубот ме извести дека ја прифатил понудата. Јас не сум учествувал во разговорите. Понекогаш на 28, 29 години имаш потреба од нови предизвици, додаде тренерот на вицешампионот на Европа.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски