Италијанските медиуми објавија дека освен Маноло Габијадини уште четворица фудбалери на Сампдорија се позитивни на коронавирус.
Според новинарот Фабрицио Романо покрај Габијадини и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино ла Гумина и Мортен Торсби имале позитивни тестови.
Досега, во Италија уште Даниеле Ругани од Јувентус е потврден како позитивен на Ковид-19, по што целиот состав на Јувентус е во изолација, а во Англија е позитивен тренерот на Арсенал, Микел Артета и фудбалерот на Челси, Калам Хадсон-Одои.