По добиените негативни резултати на коронавирус, ЖФК „Каменица Саса“ продолжуваат со подготовките за настап во ЛШ

Од:

Екипата на Женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса“ ја очекува ждрепката за натпреварите од Лигата на шампионките. Како што информираа од стручниот штаб, тимот не престанува со подготовките за претстојната сезона во која влегува како фаворит за потврда на годинешниов успех.

– Во таа насока, екипата е комплетна и работи со полн интензитет, со предвидената динамика за подготвителниот тренажен процес.Како ЖФК „Каменица Саса“ сакаме да ја информираме јавноста дека поради појавата на Ковид 19 во М.Каменица, кај поголемиот дел од тимот се вршени ПЦР тестови. Резултатите кај сите тестирани фудбалерки се негативни и тие ќе продолжат со редовни тренинзи и подготовки, информираа од екипата.

Ждрепката за натпреварување и составот на групата во Лигата на шампиони, како што додадоа, ќе се одржи во првата недела од септември, а натпреварите се закажани за периодот од 07 до 13 октомври годинава.

– Домаќинот на натпреварите ќе биде одреден после ждребувањето за групната фаза, што е одлична шанса за каменичката публика да следи натпревари од највисокиот ранг во женскиот фудбал, Лига на шампиони, додадоа од стручниот штаб.

За својот успех ЖФК „Каменица Саса“ досега се стекна со голем број на награди и признанија. Последната им беше доделена изминатиот викенд од страна на новинарите од Истокот, кои ЖФК „Каменица Саса“ ја прогласија како „Најдоброто од Истокот во областа на спортот“.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург