ПМФЛ: Шкендија триумфираше во Велес

Од:

Лидерот Шкендија со три бода се враќа од гостувањето во Велес, откако попладнево го совлада Борец со 2:0, во премиерниот натпревар од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Бесарт Ибраими од пенал во 25 минута ја донесе Шкендија во водство, а печат на победата стави репрезентативецот Љупче Дориев во 84 минута.

Преостанатите натпревари од 15. коло во ПМФЛ се играат в недела во терминот од 13 часот: Вардар – Работнички, Струга Трим-Академија Пандев, Ренова – Силекс, Пелистер – Шкупи, Беласица-Македонија ЃП.

Табела: Шкендија 33, Шкупи 28, Македонија ЃП 26, Борец 22, Силекс 20, Струга Трим 20, Вардар 19, Работнички 17, Ренова 14, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Беласица 9.

Би можело да ве интересира

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Шкендија со деветмина го победи Работнички

Шкендија и Македонија ЃП го дознаа можните ривали во третата рунда

Шкендија верува дека предноста од Скопје ќе ја задржи во Ереван

Поради снегот одложено колото во домашниот прволигашки фудбал

Старт на вториот дел од фудбалската сезона: Ренова триумфално кај Брегалница