Четвртата фаворитка Каролина Плишкова од Чешка ќе и биде противничка на Јоана Конта во мечот за трофејот на ВТА турнирот во Рим.
Плишкова попладнево во полуфиналето ја победи грчката тенисерка Марија Сакари во два сета.
Во меч кој траеше еден час и 27 минути, Плишкова ги доби двата сета со по 6:4.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 3,15 милиони долари.