Писториус на слобода со кауција

Од:

Судот на Јужна Африка во Преторија одлучи со кауција да го пушти да се брани од слобода параолимпискиот спринтерски првак Писториус кој е обвинет за убиство на својата девојка.

Според судијата кој го води процесот, обвинителството не успеало да докаже дека обвинетиот може да излезе од државата до почетокот на судењето кое ќе започне за неколку месеци.

Писториус доби забрана да ја напушта земјата, а својот пасош го приложил на властите.

26-годишниот Оскар Писториус кој е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стинкамп, изјави дека ноќта кога се случила несреќата тој пукал во Рива по грешка мислејќи дека во куќата влегол провалник.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка