Пипан дебитираше со пораз

Од:

Алеш Пипан стартуваше со пораз на првиот натпревар како селектор на македонската кошаркарска репрезентација.

На првиот контролен дуел од подготовките за претстојното Европско првенство, синоќа во словенечкиот град Домжале, Македонија загуби од Украина со 69:60 (21:13; 15:20; 13:12 и 20:15).

Во македонската репрезентација најефикасен беше Дамјан Стојановски со 13 поени, додека неговиот брат Војдан реализира 11.

Вечерва Македонија ќе одигра пријателски натпревар со домаќинот Словенија. Почетокот на овој дуел кој ќе се игра во Литија е во 20 часот.

Македонскиот состав на овие два дуели настапува ослабен поради отсуството на Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ кои се најавени дека ќе се приклучат на репрезентацијата на 1. август.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ