Пике се повлекува од репрезентацијата по Светското првенство во Русија

Од:

Фудбалерот на Барселона Жерар Пике изјави дека ќе се прости од националниот тим на Шпанија по Светското првенство во Русија во 2018 година.

– Првенство во Русија за мене ќе биде последно во дресот на Шпанија. Многу размислував околу оваа одлука. Не го кажувам тоа со жешка глава, ама така се чувствувам по натпреварот со Албанија (2:0), изјави Пике.

Тој е често критикуван, бидејќи отворено застана на страна на Каталонија, повторно се најде на удар на шпанските медиуми затоа што ги исече ракавите од дресот против Албанија и таквиот потег гоп објасни дека му пречеле долгите ракави.

– Очигледно некои не сакаат да бидам во националниот тим, порача Пике.

Тој со Шпанија стана светски шампион во 2010 година. Има 85 натпревари во националниот дрес и пет погодоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска