Перез со обид да ги смири Иско и Солари

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од тензиите околу Иско, како и недоразбирањето помеѓу играчот и менторот Сантијаго Солари. За време на натпреварот со ЦСКА Москва дури избувна и скандал, во центарот на кој беше Иско и неговите расправии со домашните навивачи.

За време на традиционалниот состанок помеѓу фудбалскиот и кошарскиот тим на Реал, Перез ја искористи можноста да разговара со Иско. Тој го уверил дека е многу важен за тимот и ќе се потпира на него, пишуваат во Шпанија. Потоа разговарал со Солари, обидувајќи се да го убеди дека не треба да има недоразбирања меѓу нив.

Перез одлучил да не влегува во спор со играчите, иако е лут од слабите резултати. Сега тимот треба да ги насочи мислите кон Светскиот клупски шампионат, каде што единствената цел е освојување на трофејот.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ