Екипата на Партизан го доби големото дерби во регионалната кошаркарска АБА лига, против градскиот ривал Црвена Звезда.
Во натпреварот одигран вечерва во „Пионир“, а во рамките на 21. коло на АБА конкуренцијата, Партизан славеше победа над Црвена Звезда со 86-81.
За црвено-белите ова беше прв пораз сезонава во регионалното натпреварување.
Во првиот денешен натпревар Игокеа минимално со 78-77 го победи Задар, а програмата ќе биде комплетирана со дуелот во Љубљана каде македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и гостува на екипата на Олимпија. Овој натпревар ќе започне од 21 часот.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Цибона – Будуќност.
Табела: Црвена Звезда 20-1 (победи-порази), Партизан 16-5, Цедевита 15-6, Будуќност 14-6, Цибона 11-9, Игокеа 10-11, Карпош Соколи 9-12, Олимпија 9-11, ФМП 8-13, Морнар 7-14, Мега 7-14, Крка 7-14, Задар 6-15, МЗТ Скопје 6-14