Парондо: Ни доаѓа силен ривал

Од:

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, очекува многу тежок натпревар со Рајн Некар Левен в сабота во Скопје во четвртата рунда од ракометната Лига на шампионите.

– Знаеме за каков тим станува збор. Играат одлично и шест на шест и седум на шест. Треба да подготвиме добра одбрана и да ја задржиме концентрација во текот на целиот натпревар, изјави Парондо.

Шпанскиот стручњак информира дека пивотот Мораеш и бекот Борозан се уште се неизвесни за овој меч но веројатноста да бидат во составот е голема, додека Стојанче Стоилов добро закрепнува од повредата, но нема да се брза со него, иако има голема желба да се врати на теренот.

Натпреварот Вардар – Рајн Некар се игра в сабота од 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ