Париз ги претстави своите адути за организацијата на ОИ 2024

Од:

Париз ги откри своите адути за да ја претвори француската престолнина во домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Со 70% од веќе постојната инфраструктура и добро подготвениот проект, Градот на светлината се наоѓа во сериозна конкуренција со Лос Анџелес, Рим и Будимпешта, јавува дописникот на МИА.

Но, не е само Париз, кој е мобилизиран за кандидатурата за домаќин на Олимписките игри во 2024 година, тука е целиот париски регион, но и Марсеј, каде ќе се одржат натпреварите во едрење Лион, Тулуз, Бордо, Нант, Лил, Сант Етиен и Ница, кои треба да бидат домаќини на фудбалските натпревари.

– Зад кандидатурата на Париз е цела Франција, нагласи премиерот Мануел Валс.

-Оваа кандидатура е кандидатура на сите, вели Бернар Лапасе, претседателот на Меѓународниот рагби бординг и задолжен да биде носител на проектот за кандидатурата на Париз, заедно со тројниот олимписки победник Тони Естангет.

Олимпиското село на атлетите ќе биде во Градот на филмот на Лук Бесон во Сен-Сан Дени. Селото ќе се протега на 50 хектари од кои 5,7 хектари се водени површини. Неговата предност, тоа ќе биде на само два километри од главните стадиони на кои ќе бидат спортските дисциплини. Така, атлетиката ќе биде на стадионот Стад де Франс, додека аква паркот исто така во Сан Дени.

Концептот на Париз е во тоа што 80% од сите спортски инсталации ќе бидат во реон од 10 километри од Олимпиското и Параолимпиското село. Така 85% од атлетите за помалку од 30 минути ќе бидат на нивните стадиони. Од сите 36 олимписки стадиони, само еден постојан треба да биде изграден наново до 2024 специјално за игрите, а тоа е аква паркот.
Тој треба да ги прифати натпреварите во пливање, скок, синхорнизирано пливање, со капацитет од 15 000 места. По Игрите тој ќе остане за употреба како центар за забава со капацитет од 2500 места.

Благодарејќи на Игрите, спортот треба да биде во срцето на јавниот простор. Покрај натпреварувањата кои се одвиваат на пат. Кои ќе поминуваат низ париските улици, некои од нив ќе бидат на амблематични места со цел да се  вреднуваат спомениците на Париз.

Ајфеловата кула на пример ќе биде стартот за триатлон и пливање во слободни води, но исто така и за одбојка на плажа.

Елисејските полиња ќе бидат пистата за велосипедските трки на пат и Инвалидите за натпреварите за стрелање со лак. Големата палата домаќин на шампионите во мечување или теквондо.

Најдобрите јавачи ќе бидат во Версај. Без да се заборави Роланд Гарос за тенис, Зенит за бокс, Паркот на принцовите за фудбал.

Стад де Франс домаќин на натпреварите од атлетиката, ќе биде местото каде ќе бидат свеченостите за отворање и затворање на олимписките игри во 2024 година, ако Париз биде избран за домаќин на истите.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он