Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев побара мечот против Косово за пласман на Европското првенство, кој е закажан за 26 март, да се одложи.
– За мене пласманот со Македонија на ЕП е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини, покриени од навивачи во „црвено-жолта“ боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последниве 20 години. Дајте ни ја шансата за вистински спектакл,дајте ни шанса со нашите авивачи да се радувамена победа и да бидеме на чекот од Европското првенство. Здравјето е најважно и секогаш семолиме затоа.Но дајте ни можност да го оствариме и се она за што смесонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски, напиша Пандев на Инстаграм.