Пад на фудбалската селекција за седум места

Од:

Македонската фудбалска репрезентација повторно е надвор од најдобрите 100 селекции во светот, откако на најновата ранг листа на ФИФА бележи пад од 7 позиции и се наоѓа на 104 место.

Без разлика на одличната игра на „црвено-жолтите“ на двете гостувања минатиот месец во Загреб и во Глазгов, освоениот само еден бод од двете гостувања против Хрватска и Шкотска во првите две квалификациски кола за СП 2014 во Бразил им донесе минус од 30 ранкинг поени, па сега имаат 334.

Водечка и натаму е селекцијата на европскиот и светски првак Шпанија, пред Германија, која останува на второто место. На третото место се наоѓа Португалија (+1), а потоа следат Аргентина (+3) и Англија (-2).

Најдобрата десетка ја комплетираат селекциите на Холандија (+2), Уругвај (-2), Италија (-2), изненадувачки, Колумбија со скок од 13 места и Грција, со скок од едно место.

Од нашите противници во квалификациите за Мундијалот во Бразил, најдобро рангирана и натаму е Хрватска, која испадна од топ-тен друштвото и сега се наоѓа на 11 позиција (-2). Следат Белгија на 30. место (+10), Србија е 33-та (+9), Шкотска е 56-та со пад од 9 места, додека Велс е веднаш зад нив (57) со минус од 12 места.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ