Озил сака 14 милиони евра за да го напушти Арсенал пред предвидениот рок

Од:

Раководството на Арсенал планира да го раскине договорот со офанзивниот играч за врска Месут Озил пред предвидениот рок, објави „Дејли мејл“. Сепак, фудбалерот на „топчиите“ нема намера да ги напушти „Емирати“ со празни раце.

„Топџиите“ планираат да разговараат со Озил непосредно пред почетокот на зимскиот преоден рок. Озил, пак, инсистира да ги добие сите 14 милиони евра вклучени во неговиот договор.

Последен паттој играше за „топџиите“ на 7 март. 31-годишниот Германец се приклучи на Арсенал во септември 2013 година од Реал Мадрид за 47 милиони евра. Минатата сезона тој учествуваше на 18 натпревари од шампионатот, на кои постигна еден гол и две асистенции. Договорот на Озил е до 2021 година.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, јасно стави до знаење дека нема намера да се потпре на Озил, дури и оставајќи го надвор од составот во Лигата на Европа.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска