Озил одбил плата од милион фунти неделно

Од:

Агентот на Месут Озил, Еркут Согут, откри дека неговиот клиент го одбил предлогот за неделна плата од неверојатни еден милион фунти.

Предлогот дошол непосредно пред да го потпише неговиот нов договор со Арсенал и бил од азиски клуб.

Во моментов, плејмејкерот на „Емирати“ заработува 350.000 фунти неделно.

– Имавме навистина големи понуди од Азија, навистина луди понуди. Меѓутоа за Месут, парите никогаш не биле најголем фактор. Се разбира, парите се една од работите што треба да се разгледаат. Но, луѓето треба да знаат дека фудбалските квалитети се еден од аспектите на преговорите. Месут е фудбалер од Премиер Лигата со најмногу следбеници. Продажбата на неговите дресови е најголема во историјата на Арсенал. На крајот, ова е информација што треба да се земе предвид. Комерцијалната страна на ова прашање е доста сериозна кога станува збор за играч како Месут, рече агентот на халфот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска