Отворени врати на „Јане Сандански“ за мечот МЗТ Скопје – Морнар

Од:

Управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да ги отвори вратите и да им овозможи бесплатен влез во салата „Јане Сандански“ на сите кошаркарски вљубеници кои во живо ќе сакаат да го проследат дуелот против црногорски Морнар последен за македонскиот кошаркарски шампион за сезонава во регионалната АБА лига.

Како што стои на официјалната веб страна на клубот „челниците на клубот на ваков чекор се решија како благодарност на сите кои изминативе месеци доаѓаа на трибините во спортскиот комплекс во населбата Аеродром и даваа поддршка на кошаркарите во сино-бела опрема. Утрешниот меч нема резултатско значење со оглед на обезбедениот опстанок во регионалното натпреварување, но тоа не значи дека избраниците на тренерот Анте Назор нема да дадат сѐ од себе за да дојдат до деветтата победа на МЗТ Скопје Аеродром со која ќе биде ставен позитивен крај на сезоната во АБА лигата“.

Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Морнар ќе започне во терминот од 18 часот, а е претпоследниот од лигашкиот дел.

Во последниот, вечерва во Белград од 21 часот, актуелниот шампион и лидер на табелата Црвена Ѕвезда ќе ја пречека екипата на Будуќност која најверојатно ќе биде и противник на црвено-белите во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 11 шампионска титула

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

Пораз на МЗТ Скопје од Партизан со неверојатни 53 поени разлика

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“