Четвртиот светски рекет, Наоми Осака, на турнир во австралиски Бризбејн, го поправи својот личен рекорд во број на асови на еден натпревар.
Во дуелот со 14-тиот рекет Софија Кенин, кој Јапонката го доби со резултат 6:7, 6:3, 6:1, таа сервира 18 асови.
Во четвртфиналето на турнирот, Осака ќе се сретне со победничката на мечот меѓу Кики Бертенс и Анет Контавеит.