Општина Охрид со помош на ФФМ и УЕФА ќе ги реконструира трибините на стадионот „Билјанини извори“

Од:

Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“.

Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.

Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.

Во рамките на истата програма за развој, ќе се реконструираат и трибините на стадионот „Чаир“ во Скопје, соопштуваар од Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава