Одложувањето на ОИ може да чини повеќе од 3 милијарди долари

Од:

Јапонската влада нема договор со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ги покрие дополнителните трошоци, откако Олимпијадата во Токио се презакажа од летото 2020 до 2021 година, поради пандемијата од коронавирус. Ова го соопшти генералниот секретар на кабинетот Јошихиде Суга.

– Не постои таков договор за дополнителните трошоци поврзани со презакажување на Игрите. На 16 април, за време на дискусиите помеѓу Организацискиот комитет и МОК, потврдивме дека сите последици од преместувањето на Олимпијадата до следната година, вклучително и финансиските, се вообичаен проблем. Се согласивме да направиме проценка на штетите и потоа да разговараме за прашањето и за начинот на постапување, рече Суга.

Претходно, на официјалната веб-страница на МОК се појави порака, во која се наведува дека јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласил да продолжи да ги покрива сите организациски трошоци вклучени во оригиналниот договор за Олимпијадата во 2020 година, иако натпреварите се преместувани за една година за периодот 23 јули – 8 август.

Суга побара овие информации да бидат отстранети од страницата.

Јапонската агенција „Кјодо“ објави дека одложувањето на Игрите би можело да вреди дури 3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он