Прошталниот натпревар на поранешниот прв рекет на светот Каролина Вознијацки, во кој требаше да игра со Серена Вилијамс, е одложен поради пандемијата на коронавирус и ќе се одржи кон крајот на годинава.
Натпреварот во Копенхаген беше закажан за 18 мај, а сите билети беа продадени уште во декември.
Вознијацки рече дека тие ќе останат валидни за новиот датум.
За потсетување, данската тенисерка одлучи да ја заврши кариерата по Австралија опен.