Ново финале за Црвена Звезда во АБА лигата

Од:

Тимот на белградска Црвена Звезда се избори за нов настап во финалето на регионалната кошаркарска АБА лига.

Актуелниот шампион во ова натпреварување Црвена Звезда ја доби мајсторката од полуфиналето против Будуќност убедливо со 82:59 и со 2-1 во победи се избори за третото последователно финале (вкупно четврто) во АБА лигата.

Црвено-белите до вечерашната победа над црногорскиот шампион ги предводеа, Американецот, Чарлс Џенкис кој средбата ја заврши со 17 и Марко Симомовиќ кој постигна 14 поени.

Во финалето Црвена Звезда ќе игра против хрватскиот првак Цедевита која во полуфиналната серија со 2-1 беше подобра од Партизан.

Почетокот на финалната серија подобар од пет натпревари, односно прв до три победи, е закажан за 10 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски