Германија тргна по патот на Аргентина. Селекцијата на Ханси Флик загуби од Јапонија со 1:2 во својот премиерен меч на Светското првенство. Сега ќе имаат многу проблеми да ја минат групната фаза од Мундијалот.
Германија не го покажа својот квалитет, но, сепак, имаше предност по првото полувреме. Илкај Гундоган донесе водство од пенал во 33. минута.
Сепак, Јапонците ги краси менталитет никогаш да не се предаваат. Во вториот дел направија комплетен пресврт. Ритсу Доан во 75.минута успеа да израмни, а комплетниот шок за Германците ги приреди Такума Асано во 83.минута од дуелот.
Во групата се уште и селекциите на Шпанија и Костарика кои ќе играат меѓусебе во 17 часот.