Норвежаните имаат премија од 18.000 евра за титула на ЕП во ракомет

Од:

Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија.

Со самиот пласман во полуфиналето, репрезентативците добија 3.000 евра, колку ќе добијат и во случај на триумф над Хрватска вечерва во Стокхолм.

Како финалисти, Норвежаните ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка.
Ако, пак, успеат да слават и во финалето в недела, тогаш ќе обезбедат и олимписка виза за ОИ во Токио ова лето, плус 12.000 евра како награда.
Првото полуфинале на ЕП 2020 меѓу Норвешка и Хрватска е од 18 часот, во второто, од 20.30 часот, ќе играат Шпанија и Словенија.

Би можело да ве интересира

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради наводи за учество во „местење“ натпревари

Катерина Ѓуровски

Пред болница во Белград нападнат е познатиот ракометар Веселин Вуковиќ

Горан Наумовски

Тунис пресилен за Македонија, не успеа камбекот во второто полувреме

Словенците и Унгарците без мака на почетокот на СП

Денеска на СП во ракомет: Словенците огромни фаворити против Саудиска Арабија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките