Нико Ковач нов селектор на Хрватска

Од:

Селекторите на фудбалските репрезентации на Полска и на Хрватска добија откази по завршувањето на групната фаза од квалификациите за Светското првенство во Бразил идната година.

Полскиот селектор Валдемар Форналик во 18 натпревари оствари осум победи, четири нерешени и шест порази, а со него како предводник репрезентацијата заврши на 4. место во Х-групата во конкуренција на Англија, Украина, Црна Гора, Молдавија и Сан Марино, што беше оценето како неуспех од тамошната федерација.

Денеска селекторската функција ја загуби и Игор Штимац, иако обезбеди бараж за хрватската репрезентација која играше во А-групата од Мундијалските квалификации заедно со Македонија, Србија, Белгија, Шкотска и Велс. Во обидот „коцкестите“ да обезбедат учество на СП, ќе бидат предводени од в.д. селекторот Нико Ковач.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ