Ник Клег бара на Русија да и се одземе организацијата на Мундијалот 2018

Од:

Британскиот заменик-премиер Ник Клег побара на Русија да и биде одземена организацијата на Светското првенство во фудбал во 2018 година, како една од дополнителните санкции на меѓународната заедница кон Москва поради „соборувањето на малезискиот патнички авион“.

– По сето она што се случи незамисливо е Русија да биде домаќин на еден ваков настан, изјави Клег.

Според британскиот заменик-премиер, новите построги санкции кон Русија што веќе се подготвени и договорени со европските партнери, се неопходни за да се изврши притисок врз Москва поради украинските случувања.

Но, Клег смета дека одземањето на веќе добиената организација на СП за четири години „би била многу моќна политичка и симболичка санкција“.

Изјавата на вториот човек на британската Влада доаѓа по сугестијата на некои германски политичари за бојкот на наредното Светско првенство.

Даунинг стрит 10 реагираше со соопштение со кое се оценува дека сугестијата на заменик-премиерот е преуранета.

– Премиерот не верува дека Велика Британија би требало веднаш да повика на бојкот (на првенството), се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Дејвид Камерон.

ФИФА ги отфрли ваквите предлози од Лондон и од Германија. Според Светската фудбалска федерација, нема да се менува домаќинот на првенството за четири години и тоа „во секој случај“ ќе се одржи.

Западот ја обвинува Москва за вооружувањето на проруските сепаратисти во источна Украина, за кои се тврди дека по гршка го собориле малезискиот патнички авион, мислејќи дека станува збор за украински воен тренспортер.

Англија беше еден од кандидатите за домаќин на Светското првенство во 2018 година, но англиската кандидатура беше елиминирана уште во првиот круг од гласањето, добивајќи само три гласа.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ