Неименуван англиски клуб нудел 150 милиони евра за Феликс, Атлетико одбил

Од:

Атлетико Мадрид ја одбил понудата од 150 милиони евра за Жоао Феликс од клуб од Премиер лигата чие име не се соопштува, пишува goal.com. Понудата се случила пред почетокот на пандемијата, а според извештаите, „јорганџиите“ веднаш ја одбиле.

Португалскиот напаѓач беше привлечен во Атлетико минатото лето кога клубот од шпанската престолнина го доведе од Бенфика за 126 милиони евра.

Феликс досега не успеа да ги покаже своите можности со екипата од Мадрид. Од почетокот на сезоната, тој има осум гола и три асистенции на 29 одиграни натпревари за Атлетико, а повредите на глуждот исто така имаа удел во релативно слабиот учинок на Португалецот.

Во првиот натпревар по продолжението на сезоната, Феликс имаше одличен настапи, постигнувајќи два гола во победата од 5:0 над Осасуна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На дербито Атлетико Национал и Индепендиенте, фудбалер беше погоден со нож во глава

Горан Наумовски

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ