Наваро прв со преку три илјади поени во Евролигата

Од:

Хуан Карлос Наваро е првиот кошаркар во историјата на Евролигата кој постигнал повеќе од 3.000 поени. Играчот на Барселона со 11 поени на синоќешниот дуел против Каха Лаборал за пет поени ја надмина границата од три илјади.

Шпанскиот репрезентативец во дресот на Барселона во натпреварите од Евролигата од сезоната 2000/01 до сезоната 2011/12 има постигнато 2.858 поени.

Сезонава во првиот дел од групната фаза уфрлил уште 117, а во четирите настапи од петте кола во ТОП 16 фазата, заедно со 11 синоќешни реализирал 30 поени за во моментов вкупни 3.005 поени.

32-годишниот Наваро од почетокот на својата кариера е член на Барселона, двапати ја освојувал Евролигата, 2008 година е прогласен за МВП во ова натпреварување, а 2010 МВП на „Фајнл Фор“.

Со Барселона има седум шампионски титули во домашното првенство и пет шпански купови, а со репрезентацијата има медали од сите големи натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ