Наоми Осака: Уморна сум од срамежливоста, нема веќе да ја пропуштам можноста да го кажам своето мислење

Од:

Поранешниот прв светски рекет кај женскиот тенис, Наоми Осака, раскажа како срамежливоста влијаела врз нејзиниот живот.

– Уморна сум од срамежливоста. Ова е губење време. Можев да споделам толку многу идеи, да комуницирам со многу различни луѓе. Да научиш толку многу. Повеќе не се воздржувам. Еднаш стоев крај Џеј-Зи, тој ми зборуваше, но јас бев многу нервозна и почнав да одговарам со еден збор. Затоа, тој ненадејно праша: „Дали сте срамежливи?“ И јас реков, „да“, и разговорот беше во застој. БОЖЕ ЗОШТО ЗОШТО? – напиша Осака на социјалните мрежи.

Ве молиме, разберете: фактот дека се обидувам да не бидам срамежлива, не значи дека ќе започнам да зборувам без врска. Јас веројатно ќе бидам прилично тивка, но веќе нема да ја пропуштам можноста да го изразам своето мислење, додаде јапонската тенисерка.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он