Најстариот професионален фудбалер на светот, Јапонецот Казу Миура, потпиша нов договор

Од:

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура, кој на 26 февруари ќе го прослави својот 54 роденден, го продолжи за уште една година договорот со прволигашот Јокохама.

Миура во септември постави нов светски рекорд како највозрасен фудбалер, појавувајќи се на теренот во дресот на јапонскиот прволигаш Јокохама со 53 години, шест месеци и 28 дена.

Новиот договор „Кралот Казу“, кој на својот дрес го носи бројот 11, го потпиша денеска, на 11 јануари, во 11 часот и 11 минути.

-Мојата страст за играње фудбал само се зголемува, изјави Миура при потпишувањето на новиот договор со членот на јапонската Прва лига.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ