Најмногу сомнителни фудбалски натпревари во Турција

Од:

Истрагата на Европол досега покажа дека има 380 сомнителни натпревари во Евопа, а најголемиот број од нив 79 се одиграни во Турција, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

Италијанскиот спортски весник наведува дека по Турција, следат Германија со 70 натпревари, Швајцарија со 41 и Финска со 32 сомнителни натпревари.

Во Унгарија сомнителни се 20 натпревари, еден помалку во Белгија, а во Хрватска под истрага се 18 натпревари. На дното на списокот се Австрија со 16 и Словенија и Босна и Херцегодина со по седум сомнителни фудбалски натпревари.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ