Најголемото знаме на светот

Од:

Навивачите на уругвајскиот фудбалски клуб Национал на вчерашниот  натпревар против мексиканскиот тим Толука, на трибините на својот стадион Чентарио де Монтевидео го развиорија „најголемото знаме на светот“.

Знамето со должина од 600 X 50 метри (30.000 м2) покрива најмалку три стадиони. Изработката на знамето го финансирале 5.000 навивачи, чии имиња се напишани на џиновското знаме во клупските бои – сина, бела и црвена. Изработката на знамето чинела 70.000 долари.

Навивачите на Национал одлучиле да го изработат знамето како одговор на иницијативата на навивачите на нивниот најголем ривал Пењарол, кои пред две години изработија знаме од 15.000 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ